
Денеска беше потпишан меморандум за разбирање во областа на одбраната од страна на Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, и британската амбасадорка, Ричар Галовеј. Со ова се овозможува креирање ќелија за координација на обуката од Обединетото Кралство, стационирана на армискиот полигон „Криволак”. Ќелијата ќе биде составена од тројца британски офицери кои ќе вршат координација на обуките и вежбите на подолг регион, а обуката е лоцираната на „Криволак“.
„Овој тим британски офицери ќе предлага обуки и вежби и за нашата НАТО декларирана единица лоцирана во Штип, а ќе служи и како катализатор за развој на нови програми за обука со армиите во регионот. Целта е да помогнеме на нашите одбранбени способности, да ја зголемиме соработката во регионот во одбраната, но да ги зајакнеме и нашите билатерални одбранбени врски“, истакна Шекеринска.
Галовеј го поздрави приемот на нашата држава во НАТО алијансата пред повеќе од една гподина, истакнувајќи дека соработката ќе продолжи.
Надоврзувајќи се на ова, Шекеринска посочи дека во развојот на одбрамбените сили ние може да се потпреме на искуството и знаењето на сојузниците, а тие пак на дел од нашите капацитети.
Лаура Стојанова МНет