Последните перачки на изворот Л’џи во штипско Ново Село – водата сè уште беле алишта и лекува разни болештини

На стариот извор наречен Л’џи, во штипско Ново Село, се уште се перат алишта, стари черги и стази. Последните перачки, неколку повозрасни новоселки кои се бројат на рака, се уште ја чуваат традицијата што пополека заминува во историјата. Со сапун во рака, четка и топла изворска вода, тие ги тријат алиштата и стазите, исто како што тоа го правеле генерации новоселки пред нив. Според верувањата на постарите, водата овде не само што ги белела алиштата, туку помага и за рани, скршеници, болки и ишијас, а се кориси и за новороденчиња.

На Л’џите доаѓаат луѓе и од соседните градови, па и од странство, за да наполнат по неколку туби вода и да си ја однесат дома. Перачките велат дека речиси секој втор ден гледаат луѓе како полнат вода, зашто веруваат дека е лековита.

Некогаш Л’џите било место за перење, песна и муабет, каде што новоселки се собирале покрај топлата вода. Денес, старите навики полека исчезнуваат, а спомените за времето кога тука се собирал речиси целиот град ги чуваат уште малкумина. И додека водата и понатаму тече, Л’џи остануваат дел од приказната и традицијата на Ново Село.

Иван Митев, М-Нет