
Последниот петок од оваа година бележеше со благо намалување на цените. И денес граѓаните на Штип излегоа за да докупат се што е потребно за дочекот на новата, но и за празниците кои шт предстојат. Производителите велат дека цените се складни и од се по нешто има за сечии џеб. Истакнаа дека се задоволни со оглед фактот на излезеноста, но и од побарувачката, која особено ја имаше овој паток
Цените за купувачите како и секој петок, за еден дел скапи, за друг дел реални, ама заклучно сите купуваа онолку колку што имаат.
Инаку, овој петок започнаа да се продаваат и сезонските сушени овошки како слива, смоква, урми и слично, но и јаткастите производи како оревот, минадлоот и коштаните, кој се најбарани за периодов.
Лаура Стојанова, М-Нет