
Седум од осум патници во четвртфиналето од Купот на Македонија се познати, а последниот четвртфиналист ќе се добие на 25 ноември, кога ќе се одигра натпреварот меѓу АП Брера Струмица и Арсими.
Во четвртфиналето пласман обезбедија два второлигаши тоа се Македонија ЃП и Работнички, како и пет прволигаши односно Тиквеш, Струга, Скопје, Шкендија Арачиново и Силекс.
Како што веќе инфорамиравме екипата на Силекс со 0:3 славеше над Пелистер во Битола со што бранителот на Куп титулата патува во четвртфиналето и со тоа ја продолжува борбата за одбрана на Купот. Брегалница беше исфрлена од Купот преку пенали, откако „сините“ пропуштија дури два гола предност кои ги постигнаа во првиот дел, со што во вториот дел „лавовите“ надополнија два гола разлика и во пенал серијата Македонија ЃП беше подобра.
Тиквеш го доби Вардар со резултат од 1:3, Струга Трим Лум беше подобра со 2:0 против Беласица преку двата гола на Марјан Радески, Работнички преку три гола на Александар Богданоски го доби третолигашот Каменица Саса со 3:2, откако тимот од Македонска Каменица кој беше единствениот третолигаш пружи голем отпор и го намачи ланскиот прволигаш.
Скопје кој го води штипскиот тренер Иван Варадиновски со минимални 1:0 го доби Новаци, за Варадиновски ова беше дуел против неговиот поранешен клуб кој го водеше на стартот од новата сезона во Втората лига. Шкендија Арачиново со сигурни 0:2 обезбеди пласман во следна фаза откако го доби Башкими.
Освојувачот на Купот на Македонија обезбедува излез во Европа, односно игра во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Александар Ванев, М-Нет