Македонскиот шампион Штип УГД по голема борба загуби од Орион Старс во „Џексон“ на реваншот од Лигата на шампионите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД загуби на реваншот од Орион Старс во „Џексон“ пред домашната публика со резултат од 3:2 во сетови, со што го заврши деби настапот во Лигата на шампиони и продолжува ЦЕВ Купот.

Историска вечер во градот под Исарот, за првпат натпревар од најелитното клупско европско натпреварување, Штип УГД одигра далеку поборбен натпревар во однос на мечот во Холандија.

Првиот сет Штип УГД го доби со 25:23, но потоа шампионот на Холандија беше подобар со 20:25 за 1:1 во сетови. Следуваше ново водство за македонскиот шампион кој минатата сезона ја освои двојната круна откако третиот сет го доби со 25:21.

Но, во следните два сета Орион Старс беше далеку подобар. Четвртиот сет првакот на Холандија го доби со 10:25, а петиот сет со 10:15 за конечни 2:3 во сетови.

Штип УГД повторно беше поразен, но одбојкарите на Кристиан Ристески одиграа далеку подобар натпревар освојувајќи два сета, бидејќи во гости беа поразени со 3:0.

Александар Љафтов со 17 поени беше најефикасен во македонскиот тим, а пак Стојан Илиев имаше 15 поени. Кај Орион Старс се издвои Воутер Тер Мат со 23 поени.

Македонскиот шампион го заврши настапот во елитното натпреварување и продолжува во ЦЕВ Куп.

Александар Ванев, М-Нет