
Промени на цените на штипскиот пазар има, меѓутоа за секој производ е различно. Дел од производите се со пониска цена, но има и такви кои значително поскапеле. Продавачите на пазарот велат дека нема доволно македонски производи, а увозот е сѐ поскап, па следствено на тоа ги одредуваат и цените на пазарот.
За купувачите и овој петок беше скапо, ниски примиња, мали пензии, крај на месец, се причините поради кои побарувачката на пазарот денеска не беше голема. Велат, треба да има намалување, но се свесни дека тоа, најверојатно, нема да се случи.
Продавачите, пак, се поделени во однос на ова прашање. Дел и оваа недела остануваат на ставот дека со подобрите временски услови ќе има повеќе производи, па ќе се намалат и цените. Други, пак, велат дека намалување тешко може да се очекува, а и да има, ќе биде минимално.
Зелката и зелената салата и овој петок беа најбарани на штипскиот пазар, но се купуваше и овошјето. Секој купуваше што му е потребно и најосновно.
Ребека Спасова М-Нет