
Поскапени цените во угостителството за само една година. Како што стои во соопштението на ДЗС, од јуни минатата година, па до јуни оваа година, цените се покачиле за 2,6 проценти, додека цените на угостителските услуги во периодот јануари-јуни годинава во одност на истиот период лани, се зголеемни за дури 2,8 пронцети. Најмногу поскапеле алкохолните пијалоци и тоа за 0,3 проценти, храната и ноќевањата за цели 0,2 процети и безалкохолните пијалоци за 0,1 пронцет. Дека поскапување има, согласни се и граѓаните на терен, кој потврдуваат дека цените секојдневно се менуваат. Освен во рестораните, зголемувања велат има и во маркетите.
Инаку, граѓаните се едногласни дека се помалку имаат можност да отидат во ресотран, бидејќи цените се високи. Со тие пари како што додаваат би можеле да си платат некоја сметка, да купат малку месо или пак да ги заштедат на страна за добри денови.
Иван Митев, М-Нет