
По четири години портпаролот на новиот прволигаш Беса, Абудал Јонузи се повлекува од оваа позиција во клубот кој за првпат ќе заигра во Првата македонска фудбалска лига.
Јонузи преку соопштение ја информираше јавноста дека се повлекува од позицијата портпарол во клубот после четири години, а се заблагодари до сите во клубот за успешната соработка.
„После четири фантастични и успешни сезони се повлекувам од позицијата портпарол на фудбалскиот клуб Беса Добри Дол. Му благодарам на генералниот спонзор, сите што беа дел од клубот, претставници, стручен штаб, играчи, посебно моето семејство, соселаните и навивачката група „волците“ за дадената поддршка, а на клубот му посакувам да остваришто поголем успех, секогаш ќе биде во моето срце“, вели Јонузи.
Беса стана шампион во Втората лига и со тоа обезбеди прво учество во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона.
Александар Ванев, М-Нет