
Тиквеш го задржа Благоја Спиркоски за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани работата на ростерот за новата сезона, а искусниот фудбалер за врска ја продолжува верноста кон Тиквеш и за следната сезона, кога Тиквеш за првпат ќе излезе во Европа.
Како што веќе објави телевизија М Нет претходно Тиквеш кој оваа сезона заврши на 4. место во елитата и го освои Купот на Македонија ги промовираше Михаил Маневски, Ѓорѓи Ѓоргиев, Давид Манасиевски и младиот голман Стефан Тасев.
Тиквеш веќе неколку дена е во тренажен процес и се подготвува како за предизвикот во Европа така и за новата сезона од Првата лига.
Како што објави телевизија М Нет екипата на Тиквеш предводена од Ѓорѓи Мојсов договори пет пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата, а противници се екипите на Шкендија, Струга Трим Лум, Гостивар, како и два меѓународни теста со Балкани и Љапи.
Во следниот период Тиквеш ќе промовира уште неколку засилувања, а како што дознава телевизија М Нет се преговара со странски засилувања.
Александар Ванев, М-Нет