
Портокалите за Прочка држат цена од 50 до 70 денари за килограм во Штип. Продавачите велат цената зависи од квалитетот, а штипскиот адет вели да се подари портокал пред да се побара прошка. Старите штипјани купуваат портокали, доселениците јаболка, се зависи од тоа што ги научиле предците, а побарувачка има и на обете производи, додаваа продавачи од Лесковица на градскиот пазар.
,,Таа цена ќе биде пред Прочка, од 50 до 70 денари за килограм, а цената зависи од квалитетот, a квалитет има. Во Штип е традиција, но во Кочани не е така. Таму се носи јаболка, троти, колачи, но овде е традиција да се носи портокал.“, велат земјоделците
Но, за овој празник граѓаните дополнително купуваат и по нешто зеленчук и дополнително овошје, за да биде богата трпезата и достојно се пречекат гостите. Цените и на останатите производи се идентични.
Инаку, цената на портокалите и во годините наназад се движеше идентично како и оваа година, со некој денар плус или минус. Она што додаваат граѓаните на терен е дека портокал за прочка мора да има, а дополнително ќе се спрема и баклава.
Иван Митев, М-Нет