
Пораст во бројот на слободни ковид кревети е забележан и во кочанската и во штипската болница, покажуваат информациите од последните извештаи. Во штипската Клиничка болница во последните 24 часа новопримени се четири пациенти, испишани двајца. Со ова бројката на хоспитализирани е 40 од кои 39 се на Инфективното одделение, еден на кожното и три лица на дневна амбуланта. Меѓутоа, загрижува фактот што повеќето од хоспиталзиранирте односно дури 33 од 40 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење. Вакцинирани се 12 пациенти, но регистрирани се и две починати лица во штипската болница како последица од ковид 19 едно од Подареш на 79 годишна возраст и едно лице од Радовиш на 51 годишна возраст. Бројот на слободни ковид кревети е 30 од кои 21 на Инфективното одделение и девет на Кожното, инфомрираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани хоспитализирани се десет пациенти на Интерното одделение. Од нив четири се вакцинирани исто толку се на кислородна поддршка. Во изминатото деноноќие регистриран е само еден испишан пациент, нема новопримени ниту починати. Слободни се 17 кревети за ковид пациентите, информираат од кочанската болница.
Бројката на активни ковид слуќаи во Општините од Истокот се спушти под 800, односно активни се 776 случаи, од кои најмногу во Штип и Кочани по 201 и во Делчево 127. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи го и Пехчево каде има активни 13 ковид пациенти.
Според податоците од Министерството за здравство најголем дел од хоспиталзиранирте лица се невакцинирани, па и апелот на надлежните е населението да се вакцинира помасоовно со цел да се заштитиме од корона вирусот.
Досега во земјава се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.
Лаура Стојанова М-Нет