
Синоќа во Штип се одигра последниот натпревар од ова 15 коло на Првата Футсал лига на Македонија помеѓу екипите на Астибо и Железарец од Скопје. Натпреварот заврши со победа на гостинската екипа од 6:1 ( 2:1). Во првото полувреме играчите на Астибо беа рамноправен партнер што се одрази и на минималното водство на гостите од Скопје. Во вториот дел домашните играчи направија неколку грешки кои гостите знаеја да ги искористат и да постигнат голови а со тоа и да ја заверат победата . Еве ги комплетните резултати од ова 15 коло:
- Јувентус С – Шкупи 3:9
- Астибо – Железарец 1:6
- Проект Цико – Мал Ајакс 17:2
- Велес – Карадаку 5:8
- Кеги Моби – Кратово 7:4
- Црна Река – Арбен Бајрами 2:3
Во следното 16 коло тимот на Мал Ајакс во Штип ќе се сретнат со екипата на Црна Река од Кавадарци а екипата на Астиби ќе гостува во Скопје на тимот на Арбен Бајрами.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk