Како функционираат јавните тоалети во Кочани?

Општините во Источниот дел од државата се хендикепирани за една од најважните потреби на граѓаните. Ретко каде има јавен тоалет, а и оние кои имаат истите или не се во функција или пак работат на мизерен начин. Не изостанува и Општина Кочани.

А потребата на граѓаните од Општина Кочани да има јавен тоалет е навистина голема.  Тие сметаат дека потребно е да има, но и да биде одржувано.

Наделжните во Кочани, велат дека јавен тоалет е поставен на неколку локации во општината, дел се во функција дел не работат. Меѓутоа, несовесноста на граѓаните ги довела јавните тоалети во состојбата во која се моментално.

„Јавен тоалет имаме во самиот трговски центар во градот, кој моментално не е во функција. Тој јавен тоалет работеше, на два пати се реновираше, бидејќи беше уништен, хаварисан комплетно. Третиот пат веќе сите санитарни чворови од страна на одредени, не совесни граѓани се затнати, наполнети со шишиња и по реакција од самите граѓани кои живеат во непосредна близина, истиот е затворен.“ – изјави директорот на КЈП„Водовод“, Киров.

За доброто на сите граѓани и за самата општина, треба да се одржуваат јавните тоалети но и да работи свеста кај граѓаните. Киров со апел до кочанчани да не ги злоупотребуваат јавните толети за идтите да може да ги имаат и користат.

Јавни тоалети во Кочани има поставено кај Ветеринарната станица, и во пазарот. Тие се во функција мегѓутоа се оддржуваат со зор, бидејќи не се употребуваат правило и регуларно. Истоа така се очекува, нов јавен тоалет, модерен да се постави и во градскиот парк.

Лаура Стојанова М-Нет