Пониските температури ги предизвика штипјани навреме да ги заштитат своите чешми, ги излоираат со стиропор

Пониските температури и снегот на повисоките места, ги предизвика штипјани навреме да ги заштитат чешмите во своите дворни места. За М-нет анкетираните велат дека најдобро е чешмите да се излоираат со стиропор, затоа што истиот предизвикува добра излоација. Истакнаа дека со ваквата постапка тие се обезбедни, бидејќи како што велат порано им пукале цефки, па тоа им е сега школо навреме да ги спречат дополнителните проблеми.

“Tоа е обврската на домакинот, ако не заштитеме ќе испукаат чешмите од многу ладно.“, велат граѓаните

Изолаторот за чешма е едно од решенијата за заштита на надворешни чешми од студените зимски температури. Во текот на зимата, замрзнувањето на водата во чешмите може да предизвика сериозни оштетувања на водоводните инсталации, што може да резултира во скапи поправки.

Изолаторот е познат по својата издржливост и способност за термичка изолација. Тој не само што обезбедува заштита од студ, туку заштитува и од ветер, дожд и други надворешни влијанија.

Лаура Стојанова, М-Нет