Цистерни со вода на утврдени локации се дистрибуираат во Берово, се вршат напори за решавање на случајот

Цистерни со вода во одредено време на утвредни локации се дистрибуираат во Берово. Целта е граѓаните не купуваат вода,а притоа се снабдат со чиста вода за пиење. Градоначалникиот Звонко Пекевски за М-нет телевизија истакна дека се вршат напори за да се врати водата во границите според правилникот.

“Се прават напори водата да се врати во границите според правилникот, а веќе од утрово согласно доставениот распоред се врши и дистрибуција на вода во одредено време на претходно утврдените локац, каде што можат граѓаните да се снабдат со вода, која што се доставува од Општина Делчево. Од Наша страна се прави се што е можно да биде водата корисна. Се превземаат мерките во рамките на нашите можности.“, изјави

Инаку, водата во Берово не е корисна за пиње и истата може да се користи само технички. Според належните од таму се прават напорите за да општината добие повторно чиста вода за пиење и замолија за трпение.

Лаура Стојанова, М-Нет