Пониква, Голак и ГП Делчево под снег, одрони кај Истибања, Берово и Виница

Снег од утрово на Пониква, Голак и граничен премин Делчево, големи одрони кај Истибања, Берово и Виница, надлежните на терен и ја стабилизираат ситуацијата. Како што истакна раководителот на Макеоднија пат Влатко Цоневски за М-Нет телевизија, по две возила за интервенција моментално чистат снег на Пониква и граничниот премин Делчево, а се планира да се излезе на терен и на планината Голак. Простор за паника нема, вели тој, но остана дециден дека возачите треба да бидат внимателни.

,,Врнежи од снег имаме на високите места, над 1000 метри надморска висина, а врнежи од дожд иамме на цела територија. Одрони имаме на патниот правец брана Истибања-граничен премин Делчево, Берово-Струмица, Берово-Виница. Врнежи од снег имаме на планината Осогово, конкретно на Пониква, каде што имаме возило за интервенција за чистење на снег, граничен премин Делчево исто, а се планира сега да се излезе да се чисти снегот и на планината Голак. Врнежите од снег бараат интервенција. Апелираме внимантелно возење, голема претпазливост“, вели Цоневски

Можности од заледување на осојните делови на патиштата, Цоневски вели не би требало да има, бидејќи се фрла доволно количини на сол и ризла. Вели дека возачите треба да управуваат внимателно, се со цел да не дојде до несакани последици.

И од АМСМ на Македонија упатија апел до возачите да управуваат со прилагодена брзина на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Иван Митев, М-Нет