
Пред Свети Трифун, но и пред Задушница, полупразен остана пазарот во Кочани. Тезгите и денеска се наполнија со свежо овошје и зеленчук, домашни јајца, ракија и мед, ама купувачите попладне можеа да се избројат на прсти. Продавачите велат побарувачката е слаба, а главна причина за ваквата ситуација на терен се ниските примања на граѓаните. Иако цените се реални и прилагодливи за џебот на кочанчани, според продавачите, сепак сликата на терен покажува една сосем поинаква ситуација, според која се посочува дека пазарот е помалку посетен. Од друга страна за нив е далеку од исплатливо, да работат земјоделие, и да продаваат по пазарите, бидејќи нема ниту побарувачка, ниту висока цена на производите.
„Никакво е, нема побарувачка. Немат граѓаните пари“ – велат продавачите.
Малкумината купувачи кои денеска беа на пазарот во Кочани, пред се купуваа сезонско овошје и зеленчук, но децидни дека примањата се ниски за да можат да си купат се што им е неопходно.
Ситуацијата со зелените пазари е речиси идентична во сите градови, производството помалку се троши бидејќи конкуренција се јавува и од пиљарите. Произведувачите се се повозрасни граѓани кои работат земјоделие, а кај помладите нема желба да се занимаваат со одгледување на зеленчук и овошје. Токму затоа постои и опасноста за неколку години храна да се ивезува бидејќи ќе нема кој да работи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет