Половина од оризовите полиња стојат неожнеани, цената на арпата се уште ниска

Кочанските оризови полиња кои до пред неколку години беа синоним за плодна година и начин за егзистенција денеска остануваат или празни или неожнеани. Оризопроизводителите велат немаат потреба да ги работат нивте биејќи цената на оризовата арпа, но и на белиот ориз не ги задоволлува нивните потреби. И ако патувате од Штип кон Кочани или обратно може да се забележи дека 50 % од нивите се неожнеани и покрај тоа што жетвата започна пред месец дена.

„Јас имам 20 декари, давам ги кој сака нека ги земе.“
„Не бива, не бива. Ѓубрињата колку отидоа, водите, препаратите исто, не може да си купеш и затоа пусти останаа нивите“

Оризопроизводителите пак кои веќе ги ожнале своите ниви велат чекаат цена, за да го продадат оризот.

Жетвата на белото злато доцнеше и минатата година заради задоцнетото пуштање на вода. Според оризопроизводителите егзистенција од ова нема, а млади земјоделци во државата остануваат се помалку. Тие очекуваат Владата и Министерството да си останат на дадениот збор.

Лаура Стојанова М-Нет