
Покачени пензии за три отсто од денеска легнуваат на сметките на пензионерите во државата. Тоа значи дека оние со најниски примања од околу 20.000 денари добиваат покачување од 600 денари, кај просечните пензии растот изнесува околу 840 денари, додека граѓаните со повисоки пензии на своите сметки ќе забележат над 1.500 денари. Пензиоенрите во Штип велат дека новото покачување за нив не значи ништо, бидејки најголем дел од нив денес ново покачува на пензиите зедоа само по 600 денари.
Во согласност со ситуациајта, пензионерите во претходните две години во државата обија неколку пати зголемување на своите пензии. Најпрво добија покачување на своите сметки по 2.500 денари во два наврати, а потоа и уште по 1.000 денари. Сега со новите покачувања, тоа ќе значи просечно околу 600 денари. Иако повеќе пати пензијата растеше, сепак пензионерите велат дека не се целосно задоволни, бидејки цените во маркетите, лековите и смеките за струја го прават своето.
Иван Митев, М-Нет