
Утринава штипјани задоволувајќи ја најосновната потреба, да одат до продавница и да си купат леб, беа соочени со повисоки цени за најосновниот продукт за живот. Колку изненадени од една страна, толку разочарани од друга страна. Пред камерите на М-Нет телевизија нивниот револт не го сокрија. Во време на пандемија, како што велат тие прво зејтинот сега и лебот, снабдувањето со основи продукти е многу тешко.
Произведувачите на леб и бели пецива пак со обратен став. Да, велат покачување има, но и нивните потребни состојки за леб се со покачена цена, па принудно е да е покачена и цената на лебот.
„Точно е дека лебот од денеска е покачен за 5 денари, односно купувачите гледаат на тоа покачување на цената за 5 денари. Релното покачување е всушност само 2 денари. Ние, зборувам за нашиот леб, го продаваме со грамажа од 400 горама, сега грамажата е покачена за 50 грама и истиот е 450 грама. Исто така, покачени се брашното, зејтинот пченициата на Берзата. Значи се што е потребно за прозиводство на леб е со покачена цена. Утринава добив информација дека е зголемена цената на паковањата за леб, кеси, фолии за 30%. Значи пак ќе напоменам покачувањето на лебот реално е за 2 денари“ – соопшти Малинов производител на леб.
Покачувањето на цената на лебот беше најавена од претходно, но имаше можност производителите сами да одлучат дали истиот ќе го поскапнат или не.
Лаура Стојанова М-Нет