Пливачите на ПСК “Челични” од Штип настапија во Скопје

На олимпискиот базен во Скопје се одржа Државното првенство во далечинско пливање 2021г. Настапија најдобрите млади пливачи од Македонија а меѓу нив беа и членовите на ПСК ” Челични” од Штип. Спортскиот педагог, а воедно и тренер на пливачите Мирко Јакимовски истакна дека нивниот член во машка конкуренција Методи Георгиев го освои 7 место, додека во женска конкуренција Ивона Наумова го освои 8 место што преставува добар успех за нив и за самиот пливачки клуб.

Драги Герасимов – Пушка