
Веќе втори ден граѓаните во Штип и Кочани јадат леб со покачена цена за три до пет денари. Вчера по одмрзнувањето на цените на основните продукти за живот дел од цените на основните производи веднаш скокнаа. Меѓу нив се најде и цената на лебот. Дел од пекарите во Штип истакнаа дека лебот од вчера е со покачена цена, друг дел велат дека и покрај тоа што цената е иста лебот не се троши, најверојатно според нив граѓаните купуваат брашно насместо леб. Трговците велат ако не се покачи цената на лебот поголем дел од пекарите ќе престанат со производство на леб и бели пецива, бидејќи покачени се сите други продукти.
Граѓаните оставени на цедлио, велат никој не ги прашува нив, а најмногу ова се одразува врз нивниот грб. Но мора да се јаде и мора да се купи барем леб.
„Знаеме дека лебот е покачен, но нема што да се прави. Никој нас не нѐ прашува, а не е правилно“
„Утринава бев во продавница да купам леб. Цената е покачена за пет денари, но што да се прави“
Лебот во пекарите и маркетите моментално може да се купи од 25 до 35 денари, додека за лебот останат од вчера цената останува 15 денари. Освен цената на лебот, од вчера покацена е цената и на други производи за живот, откако замрзнувањето престана а се ограничи маржата. До 28 февруари беше замрзната цената на лебот, зејтинот, јајцата, шеќерот. Од први март тие производи се со замрзната маржа, дополнително вклучувајќи го и зеленчукот.
Лаура Стојанова М-Нет