Автомобил во Штип излета во канал, дали улицата била замрзната?

Автомобил со штипски регистерски ознаки утринава излетал од коловозот во Штип во канал за атмосферски води. Возачот управувајќи го возилото да спречи удар во дрво излетал во каналот. Според очевидци кои беа на местото на настанот причина плус за несреќата била и замрзнатата улица по која се движело возилот. Според нив ова не е прва сообраќајна незгода на ова место, бидејќи честопати на ниски температури во раните утрински часови улицата е замрзната.
Од ЈП Стипион пак велат дека пријава за замрзната улица до нив не стигнала во последните 24 часа и покрај тоа што имале дежурни екипи.

„ЈП Стипион постојано има дежурна екипа која е одговорна за зимско одржување на патишта. Ние имаме и телефонски број које специјален и на кој се јавуваат и од сообраќајната полиција и од другите институции, доколку има потреба за интервенирање од наша страна. Во последните 24 чаа немаше ниту една пријава за замрзната улица или проблем кој требаше да биде отстранет од наша страна“ – кажа Ефтимов.

Во несреќата нема повредени лица само е причинета материјална штета. Од СВР Штип истакнаа дека пријава нема во полициската станица.
Инаку, овој канал на оваа локација во Штип стои отворен со децении, а на ова место честопати се случуваат сообраќајни несреќи.

Лаура Стојанова М-Нет