Показно тактичка вежба реализирана во текстилното училиште во Штип

Пожар во две простории во средното текстилно училиште во Штип, повредени два ученика. Вработените веднаш пријавиле во ТППЕ Штип. За неколку минути екипи на ТППЕ и Итната медицинска помош пристигнаа на местото на несреќата.

Преку ваква показно тактичка вежба денеска напладне во средното училиште „Димитар Мирасчиев“ во Штип на учениците и вработените им се покажа како да реагираат доколку се случи пожар.

„Денесак противпожарната единица изведе тактичко показна вежба евакуација и спасување на училишна згрда. Со ова се запознаа учениците и вработените како да ја напуштат зградата доколку има пожар“ – кажа Коцев.

Директорката на училиштето Марина Вардиновска истакна дека ова е од голем занчње за учениците и вработени, со цел вакви несакани настани да поминат без повредени и жртви.

Средното текстилно училиште во Штип е првото училиште во кое се спроведе ваква показно тактичка вежба. Останатите училишта според коцев ова ќе го спороведат во наредната учебна година.

Лаура Стојанова М-Нет