
Секој трети маж над 80 години се смета дека има карцином на простата. Но овој проблем кај мажите се појавува околу 50 година, а во денешно време и порано. На одделот за Урологија при Клиничка болница Штип, деневно има по 70 пациенти, а нивниот број е зголемен откако паднаа бројките на заразени пациенти од ковид 19.
„Заболувањата од уролошката страна се доста чести, особено аденомот на простата и во последно време карционом на простата. Оперативниот дел на карционом на простата се изведува овде во Штип и имаме голем број на вакви случаеви, а најчести болести се аденомот на простата, заболување кое се јавува кај мажите по 50 година и првите прегледи најдобор е да се направат околу 50 година“ – кажа доктор Кожухаров.
Радува фактот што проблемите со простатата кај мажите не остануваат табу тема за која не се разговара, туку пациентите за разлика од претходно посетуваат доктор и бараат лек за своите проблеми, додаде доктор Кожухаров.
Одделот за Урологија при Клиничка болница штип располага со четири доктори специјалисти, и еден доктор кој моментално е на специјализација. Одделот има 20 кревети и се работи во две уролошки амбуланти, а секојденвно има по 30 до 35 пациенти.
Лаура Стојанова М-Нет