
Во четвртфиналето од кошаркарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција се пласираа екипите на ТФТ Скопје, Гостивар, Пелистер Чаир, МЗТ Скопје, Работнички, Куманово и Кожув.
Веќе се познати и четвртфиналните двојки, а во рамки на ова фаза од Купот екипата на ТФТ Скопје ќе се соочи со Гостивар, Пелистер ќе игра против Чаир во дерби меч, а големо дерби соочување ќе има меѓу лутите ривали МЗТ Скопје и Работнички и тоа за првпат во историјата овие две екипи да се соочат во четвтфиналето, а пак Куманово ќе се соочи со Кожув.
Победникот од мечот меѓу ТФТ Скопје и Гостивар ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Куманово и Кожув во полуфиналето, а пак победникот од мечот меѓу Пелистер и Чаир ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Работнички во полуфиналето.
Натпреварите се закажани за средината од месец февруари следната година.
Александар Ванев, М-Нет