
Познати се составите на Македонија и Велс за соочувањето на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, кој стартува во 20:45 часот.

На голот на Македонија ќе биде Столе Димитриевски, во одбраната ќе бидат Алиоски, Муслиу, Серафимов, Зајков, во средниот ред се капитенот Барди, Алими и Илиевски, напред се Елмас, Миовски и Костадинов.
Во првото коло од квалификациите за СП 2026, Македонија го доби Лихтенштајн во гости со 0:3, а пак Велс го доби Казахстан на домашен терен со 3:1.
Александар Ванев, М-Нет