ПОЛУВРЕМЕ: Нема погодоци меѓу Македонија и Велс

По првите 45 минути од мечот немаше погодоци меѓу Македонија и Велс. Натпреварот започна со минута молк поради трагедијата во Кочани, а фудбалерите и на двете репрезентации на левата рака носеа црни траки во знак на почит.

Првиот дел одбележа неколку шанси за Велс, а и Македонија имаше обид околу шеснаесетникот на противникот, но без успешна завршница.

Првата цел на Македонија е остварена да не прими погодок во првиот дел и во второто полувреме да влеземе во обид за погодок со кој ќе го отвориме резултатот.

Во првиот дел голманот Столе Димитриевски имаше повреда, но успеа да го продолжи натпреварот, откако му беше укажана лекарска интервенција.

Александар Ванев, М-Нет