Пожарот во штипско префрлен на трасата на гасоводот, се слуша пукање на муниција

Вонредна информација од РЦУК – Штип, не’ известуваат дека пожарот Селце – Драгоево (Хаџи Реџепли ) на кракот Селце-шоуба (АБХО полигон) со зголмување на температурите и појава на ветар , дојде до разгорување на истата и префрлување на трасата на гасоводот. На еден дел беше сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел има префрлено прекин натрасата и се слуша пукање на муниција.
Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад истите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ќе продолжат со гаснењето на пожарот.Од градоначалникот на град Штип побарано е дополнителна поддршка со градежна механизација за правење пресеци.