
По големиот пожар што вчера и претходните денови го зафати Штип, една вила целосно изгоре, а сопственикот се здобил со изгореници од втор степен и бил згрижен во Клиничката болница во Штип. Александар Горгиевски, кој како пожарникар учествуваше во спасувањето на сопственикот на вилата, пред камерите на М Нет телевизија изјави дека човекот е надвор од животна опасност и дека бил спасен по навремена интервенција. Тој посочи дека сопственикот храбро се обидувал да го спаси својот дом, иако тоа било невозможно поради силниот пожар. Горгиевски најави дека неговата хуманитарна организација ќе помогне во целосна обнова на изгорениот кров веднаш по неговото излегување од болница.
„Вчера знаете дека во Штип имавме пресериозен голем пожар, цели два дена беснееа големи пожари во Штип и од информаците што ги имаме како институции, само една вила е изгорена на наш сограѓанин и истиот тој човек што вчера го однесовме до КБ Штип, го згриживме, има изгореници од втор степен човекот. Морам да потенцирам дека машки и лавовски се бореше да ја спаси својата вила, но мора да се биде искрен, тоа беше и невозможно да се гаси. Вака сега, јас нема да се обратам како пожарникар, овде се обраќам како човек на хумантирана организација, при првото излагање на човекот од КБ Штип, кога ќе биде пуштен од болничко лекување, дека мојата хуманитарна организација, сите луѓе кои ја подржуваат мојата хуманитарна организација, ќе се ангажираме и ќе дадеме свој придонес на човекот што му изгоре кровот, целокупно да му го реновираме кровот. – вели пожарникарот Александар Горгиевски
Тој ги повика сите хумани граѓани да се приклучат на хуманитарната акција со цел да помогнат во обнова на изгорениот кров на нашиот сограѓанин.
Човекот е надвор од животна опасност, спасен е човечки живот, суштината на нашата работа е да спасиме човечки живот, куќа се гради, но човечки живот никогаш нема да се врати. Еве еден јавен апел, им се одбраќам на сите оние што ме критикуваа вчера по социјалните мрежи, да се вклучат во оваа хуманитарна акција и да бидат на лице место горе кога ќе го реновираме кровот на човекот.“
Горгиевски нагласи дека целта на оваа хуманитарна акција е подигнување на свеста и дека човечкиот живот е најголема вредност.
Дајана Сандева, М-Нет