Пожар во Полициска станица Кочани

Вчера во 11.25 часот во зградата на Полициската станица Кочани, во просторијата за врски, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Bил извршен увид на настанот, но нема информации за причината на пожарот.