
Во текот на вчерашниот ден штипјани беа вознемирени од пожар во непосредна близина на градот.
Од Тони Атанасов, командир на ТППЕ Штип, дознаваме дека станува збор за запалени сува трева и трновити стебла кај старата депонија во близина на населбата Пребег.

Пожарот е пријавен во 17 и 40 часот и по интервенција на осум пожарникари со две возила, за неполни два часа истиот бил изгаснат.
Командирот Атанасов истакна дека не е забележана никаква материјална штета.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк