
Секојдневно се работи со повредните лица од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Во моментот се работи на намалување на лузните, дел од младите повредени луѓе одат на физикална терапија, но сите се со подобрени движења и во многу подобра состојба. Подобрување има и кај најкритичните пациенти, вели Директорката на Клиниката за пластична хирургија Скопје.
„Ние работиме со нив секојдневно, работиме на намалување на лузните, физикална терапија имаат многу подобрени движења тие што се најкритични и можам да кажам дека навистина одиме напред во напредокот“ – вели Ѓорѓиевска Павловски
Кога се во прашање лузните, Ѓорѓиевска Павловски вели дека потребно е време за истите да бидат излечени, но посотојано се работи и целиот тим им е достапен на повредените од пожарот.
„За лузни треба да се чека, не можеме да кажеме дека се излечен. Можеби на тие лузни со тек на време ќе се појави некоја мала рана која исто ќе треба да се лечи од наша страна но ние сме тука“ – додва Ѓорѓиевска Павловски.
Минатата недела заврши и реевалуцијата на здравствената состојба на повредните во кочански „Пулс“. Извештајот на лекарите кој ќе го достават до Министерството за здравство треба да покаже на колку млади луѓе ќе им бидат потребни дополнителни хируршки интервенции. Во наредниот период во нивната рехабилитација, ќе се вклучат и дерматолозите. Рехабилитацијата на повредените млади луѓе се одвива во болниците во Кочани, Штип и Скопје.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет