Поглаварот на МПЦ – ОА и вториот човек на Руската црква служеа литургија во Лесново, Манастирот го одбележува упокојувањето на св. Гаврил Лесновски

Лесновскиот манастир – славеник го одбележува упокојувањето на Св. Гаврил Лесновски. Архиерејската литургија ја сослужуваа поглаварот на МПЦ – ОА, г. г. Стефан, и вториот човек на Руската црква, митрополитот Антониј, кој од вчера е на посета во земјава. На празникот манастирот прибра голем број гости од Пробиштип, Виница, но и целиот Источен Регион, кои и онака редовно доаѓаат во овој манастир.

Инаку, манастирот Свети Гаврил Лесновски е манастир во пробиштипско Лесново и главната црква е посветена на архангелите Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се запонашил или, пак, по неговата смрт. Манастирот Св. Гаврил Лесновски се смета за еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Македонија туку и пошироко.

Ребека Спасова М-Нет