Повторно се разгоре случајот со разрешениот директор на штипската гимназија, Тамер Јамаковски

Комисијата ја уважила жалбата, а градоначалникот сѐ уште не го вратил на функција, обвинува претходниот директор на штипската гимназија, Тамер Јамаковски. Тој додава дека по 60 дена добил решение на жалбата, но Јорданов сѐ уште нема постапено по истата иако решението стапило на сила веднаш по донесувањето.

Од Кабинетот на градоначалникот рекоа дека решението е донесено по колективна одлука на Училишниот одбор и рекоа дека нема да коментираат прес – конференции, ниту одлуки на Државната комисија.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека Градоначалникот на Општина Штип на 3 декември 2021 година донесе решение, како резултат на колективна одука и препорака на Училишниот одбор на Гимназијата „Славчо Стојменски“. Исто така, не би сакале да коментираме прес конференции, ниту одлуки на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, меѓутоа би сакале да го акцентираме фактот дека Претседателката на споменатата Комисија е всушност Претседателка на Општинската Организација на СДСМ во Велес, кое всушност ја донесува во прашање објективноста при донесувањето на ваквата дискутабилна одлука.“ – одговорија од Кабинетот на Градоначалникот.

Ребека Спасова М-Нет