Повторно пазарен ден во Штип

По две недели пауза, градскиот пазар во Штип денес е отворен за сите производители, трговци и купувачи на храна. Вака одлучи Кризниотт штаб на Општина Штип, кој наложи и посебни услови за сите посетители на пазарот. Продавачите имаат обврска целосно да се заштитени со маски и ракавици, а купувачите освен лична заштита, најважно е да држат меѓусебно растојание. Во текот на вчерашниот ден ЈП „Исар“ изврши дезинфекција на пазарот, а истото ќе го стори и вечерва. Тргивијата на градскиот пазар денес ќе се одвива во период од 7 до 17 часот.