Повисоки цени во маркетите забележале штипјани, откако се зголеми цената на нафтата

Повисоки цени во маркетите и пазарот забележале мнозинство анкетирани граѓани во Штип, откако поскапела нафтата и нафтените деривати. Тие тврдат дека за неколку денари поскапеле основните произовиди, па како што велат загрежени се за ситуацијата. Посебно по џеб, како што велат ги удираат високите цени во аптеките.

Поради вакви или сични ситуации, повозрасните на терен се децидни дека многумина си заминаа во странство. Велат кој како се снаоѓа, така живее.

Инаку, вчера премирот најави дека се очекува намалување на цената на нафтата и нафтените деривати за околу 2 ипол денари, со што Македонија останува со најниска цена на горива.

Иван Митев, М-Нет