
Богата културно-уметничка програма нуди Општина Штип за одбележувањето на Чет’рсе 2026 година. Одбележувањето започнува уште утре ден петок, со концерт на културни уметнички друштва и ансабли од државата во домот на културата Ацо Шопов, со почеток од 20 часот. Во сабота веќе се предвидени два настапи, Бојана Скендеровски настапува со голем солистички концерт исто во домот на културата, додека во истиот термит во Дом на млади, ќе биде понуден рок хепенинг од групата why not.
,,Утре петок на 20 март во 18 часот во домот на културата во Штип ќе биде понудена програма од страна на КУД Ристо Донев – учителот. Се надевам дека со оваа програма ќе биде задоволем апетитот на сите оние кои сакаат ја негуваат традицијата на Македонија. Што се однесува во ден сабота 21 март во 20 часот во домот на културата Ацо Шопов ќе биде организиран големиот солистички концерт на Бојана Скендеровски. Таа ке биде дел од нашата пргорама со цел да ги потести фановите за нејзините најголеми хирови. Во истиот термин на 21 март во сабота во дом на млади, ќе биде понуден рок хепенинг заедно со why not.”, рече Вукановски
На самиот ден 22 март, кога воедно ќе се одржи традиционалното искачување на Исарот, е предвидена промоција на стихозбирката Поетски поздрав на чет’рсе од литературниот клуб Искра. Истата ќе се одржи од 13 часот и 30 минути.
,,Оваа програма која што се однесува и е во организација на Општина Штип ќе биде заокружена на 22 март недела, кога ќе биде и традиционално искачување на Исарот, настан кој што е дел од листата на нематеријално културно наследство на Унеско, а оваа програма предвидува во 13 и 30 минути, промоција на стихозбирката ,,Поетски поздрав на чет’рсе“, од литературниот клуб Искра.“, кажа Вукановски
Инаку, како и останатите години и оваа, општината е подготвена да понуди програма за сите категории граѓани. Од општината упатија покана до сите граѓаните од градот и околината да повелат на настаните и да ја продолжат долгогодишната традиција.
Иван Митев, М-Нет