Победа на Каменица Саса во Струмица со што изби на чело на табелата по поразот на Слога во Радовиш

Голот на Дарко Алексовски постигнат во 38 м. од натпреварот во Струмица беше вреден големи три бода за избивање на чело на второлигашката табела на Истокот. Беласица – Каменица Саса 0:1 со што дојде голема радост кај „рударите“ и до смена на врвот на табелата во која сега играчите од Македонска Каменица имаат 13 бодови. Тимот на Слога по водството од 1:0 во првото полувреме не издржа и загуби од Детонит со резултат 2:1. Еве ги комплетните резултати од ова 5 коло:

  1. Локомотива – Братство 1:0
  2. Победа – Осогово 6:0
  3. Детонит – Слога 2:1
  4. Беласица – Каменица Саса 0:1
  5. Кит Го – Кожув 1:0

Табела

  1. Каменица Саса 13
  2. Слога 12
  3. Беласица 10
  4. Победа 10
  5. Кит Го 9
  6. Детонит 4
  7. Кожув 4
  8. Локомотива 4
  9. Осогово 4
  10. Братство 1

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk