
Голот на Дарко Алексовски постигнат во 38 м. од натпреварот во Струмица беше вреден големи три бода за избивање на чело на второлигашката табела на Истокот. Беласица – Каменица Саса 0:1 со што дојде голема радост кај „рударите“ и до смена на врвот на табелата во која сега играчите од Македонска Каменица имаат 13 бодови. Тимот на Слога по водството од 1:0 во првото полувреме не издржа и загуби од Детонит со резултат 2:1. Еве ги комплетните резултати од ова 5 коло:
- Локомотива – Братство 1:0
- Победа – Осогово 6:0
- Детонит – Слога 2:1
- Беласица – Каменица Саса 0:1
- Кит Го – Кожув 1:0
Табела
- Каменица Саса 13
- Слога 12
- Беласица 10
- Победа 10
- Кит Го 9
- Детонит 4
- Кожув 4
- Локомотива 4
- Осогово 4
- Братство 1
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk