По теркот на ФФМ, a во предвечерјето на 100 годишниот јубилеј на Брегалница, трибините на „Градски“ во Штип во ново свечено европско руво

Благодарејќи на љубезноста на челните луѓе во Фудбалската федерација на Македонија, спортската редакција на Mnet.mk ексклузивно ви ја доловува видео анимацијата за она како ќе изгледа новото свечено руво на западната трибина на „градски“ во Штип. Рековме западната трибина ќе се гради по проект- приграмата „хет – трик“ на УЕФА, во соработка со ФФМ и за кое се даде зелено светло токму за тимот на Брегалница и за градот Штип. Нормално свој удел ќе има и Општина Штип како и спонзорот Кирил Гогов околу комплетната реконструкција на градскиот стадион на кој во иднина би требало да се организираат натпревари од највисок ранг. Инаку според информациите од Портпаролот на ФФМ Златко Андоновски, западната трибина би била целосно покриена, и на неа ќе се инсталираат 2000 седишта, во нејзината содржина ќе има конференциска прес – сала, Вип ложа, новинарски кабини, кабини за ТВ екипи, санитарни јазли а ќе има посебен влез како и специјална просторија за лица со посебни потреби.

Општина Штип е должна по изградбата на западната трибина да ги насочи своите погледи кон изградба на источна трибина за која неофицијално се претпоставува дека ќе има поголем капацитет со седишта, а следејќи го расположението кај луѓето од ФФМ, тие сигурно би припомогнале и за полукружното поврзување на овие две централни трибини.

Како и да е, наскоро се очекува градот Штип како централен источен регион и брендот Брегалница кој веќе нашироко, нависоко и длабоко навлегува во сто годишниот јубилеј (Брегалница е формирана во 1921 година), да добие стадион по европски терк и во новото свечено руво да влезе во категоризацијата за организирање на квалитетни и значајни клупски и репрезентативни спектакли.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk