На 22,23 и 24-ти септември Народниот театар од Штип ќе биде домаќин на Фестивалот Малиот принц

Доколку  дозволат Ковид-условите, наредната недела во организација на  Штипскиот театар ќе се одржи Фестивалот на детски театар Малиот принц. На него учество ќе земат Штипскиот театар и Детските  младински театри од Куманово и Скопје.

Фестивалот ќе се одржи на отворено, пред Домот на културата „Ацо Шопов“.

Во последните шест месеци, поради Ковид кризата, Театарот ги стопира целата работа.

Се прекинаа пробите за претставата „Ова дете“. Доколку дозволат условите се очекува пробите да продолжат и оваа престава во најскоро време  биде поставена на сцена.