
На 10.07.2021 во 16,20 часот било пријавено дека во с.Стар Караорман-штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со непознати регистарски ознаки и мопед „скутер лонгија 50“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Стар Караорман-штипско кој бил со малолетен сопатник. По незгодата возачот на „пежо“ двајцата малолетници ги пренел во болницата во Штип, а потоа заминал. Од страна на лекар кај малолетниот сопатник констатирани биле тешки телесни повреди, а телесни повреди биле констатирани кај возачот на мопедот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.