По реакцијата на М-Нет, ЈП „Исар“ на терен – исчистена мини депонијата

По вчерашната реакција на М-Нет Телевизија, ЈП „Исар“ на терен. Вчера граѓани испратија реакција за мини – депонија кај м.в. Огледало во Штип, а в.д. директорот, Трајче Здравков, за М-Нет истакна дека уште истиот ден ќе се реагира. Денес од јавното претпријатие пристигна и повратна информација, односно фотографии од терен – пред и потоа. Наместо грда слика, сега таму има чист простор. Екипите на јавното претпријатие реагираа веднаш, а Здравков апелираше да се продолжи со пријавување на мини – депонии за тие да пристапат кон чистење и решавање на проблемите на граѓаните.

Ребека Спасова М-Нет