
По повеќе од пет децении започна асфалтирањето на неколку улици и краци од улици во населбата Стар Караорман во Штип. По барање на жителите од овој дел од градот, проблемите се мапирани, предложени до општината и ставени во планот и програмата за уредување на градежно земјиште. За реконструкција однонсо нанесување асфалтна маса на овие улици се издвоени нешто повеќе од еден милион денари, пари од општинскиот Буџет.
„Овде од денес ќе се асфалтираат неколку пристапни улици кои во минатото никогаш не биле асфалтирани. Некаде повеќе од еден милион денари се одвоени за поставување на асфалтна маса, на краци од овие улици во населбата Стар Караорман. Овие улици кои денес се асфалтираат можеби повеќе од 50 години имале потреба да бидат изасфалтирани и еве после 50 години се асфалтираат. “ – вели Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов апелираше до граѓаните да ги мапираат проблемите и да ги пријавуват во општината со цел да може да се реагира и да се излезе во пресрет на сите штипјани. Додаде дека во периодот кој следи се прават напори да се одговри на барањата на сите граѓани.
„Оваа информација сигурен сум дека ќе мотивира и останати наши сограѓани кои имаат ваков или сличен проблем да го преточат кон нас за да бидат ставени во планот и програмата за уредување на градежно земјиште.“ – додава Јорданов.
Активности на терен има на повеќе локации во Штип, се работи речиси во сите населени места. Како што посочи Јорданов, општината и јавните претпријатијата работат како сервис на граѓаните, а целта е Штип да добие современ и модерен изглед.
Лаура Стојанова, М-Нет