
Жителите на Свети Николе денеска останаа без вода поради ненадеен дефект на дел од разделната шахта во селото Горни Балван, на мрежата на Хидросистемот „Злетовица“.
Дефектот бил детектиран околу 13 часот, по што дошло до прекин во водоснабдувањето на градот.
Од надлежните информираат дека екипите на „Злетовица“ веќе го санирале дефектот. Согласно последните информации, се очекува водоснабдувањето во Свети Николе да биде нормализирано до 20:00 часот.
Од надлежните служби воедно апелираат до граѓаните да не шират непроверени информации кои можат да предизвикаат непотребна вознемиреност.
Граѓаните се повикуваат на разбирање и трпение додека трае нормализирањето на водоснабдувањето.