
Пред речиси недела дена заради дефект на цевка ЈП „Исар“ на терен извршуваа работни активности во населба Блок 70 на улица Еврејска. Тогаш дефектот беше поправен за грашаните да имаат нормално водоснабдување, но улицата не беше вратена во правобитната состојба. Имено, остана раскопан асфатот, па дупката се прошири, а грашаните со мак минуваат од овде односно се обидуваат да ја заобиколат дупката за да не си го оштетат автомобилот.
„Малку подолго време е, беше помала но, возилата минуваат и се нарушува тоа. Верувам дека надлежните ќе реагираат.
„Има три – четири дена сигурно, рекоа дека ќе дојдат, но ги нема уште. Треба да се санира бидејќи возилата, раскопано е може да прсне некој камен и да повреди некој“
Директорот на ЈП Исар Трајче Здравков истакна дека заради ниските температури не излегле до сега на терен за санација на раскопаните дупки во населба Блок 70. Но, истовремено вети дека екипи на претпријатието ќе излезат и ќе реагираат. Денеска во попладневните часови тие започнаа со санација на оваа дупка.
Лаура Стојанова М-Нет