
Пет килограми јаболко еднаквона еден литар нафта. Вака продавачите на градскиот пазар во Кочани денеска го оценија пазарниот ден. Побарувачката слаба, речиси сведена на минимум, цените дел останале исти како претходниот четврток, дел се покачени како на пример цената на портокалот, компирот и зелката. Меѓутоа ако се продолжи со ова темпо тие не гледаат егзистенција бидејќи производите им остануваат, граѓаните немаат пари, а нема ниту извоз.
„Спрема претходниот четврток имаме зголемување на дел од производите на пример протокалот беше три килограми за 100 денари сега е 40 денари, исто како и компирот, а лимонот и јаболкото е со иста цена. Ако продолжи ова темпо со зголемување на цената на горивото, ние ќе почнеме да седеме дома и да не работиме“
„Цената на јаболката денеска е падната, побарувачката е слаба и кај нас и надвор од државата. Пет килограми јаболко литар нафта“
И покрај убавото време сепак раздвиженост многу немаше, граѓаните ги купуваа само најосновните производи за живот, а продавачите едвај ги усогалсуваа цените со потребите.
Лаура Стојанова М-Нет