По една ипол година популарниот Џиу Џицу клуб „Осенсеи“ се враќа на сцена.

По една ипол година популарниот Џиу Џицу клуб „Осенсеи“ се враќа на сцена. Овој пат пандемијата нема да ја спречи силната желба за успех . Откако лани активностите на Џиу Џицу клубот беа намалени поради пандемијата , годинава во новата програма се планираат многу учества на државни првенства и интернационални настапи. Тренер на популарниот Џиу Џицу клуб е Виктор Велинов , кој е исто така и потпретседател на Федерацијата.

„Последен турнир на кој што учествувавме беше турнирот во Марибор на 8ми март 2020 година“ . Клубот е во постоење 12 години , исто така имаме деца од најмала возраст од 5 години па нагоре , имаме членови од сите категории . На 19 март годинава имаме турнир во Марибор, на кој што ќе има 400 борци и ќе трае два дена . Исто така имаме европското првенство кое што ни доаѓа и ќе се одржува во Крит и оваа година се надеваме на многу успеси. Неколку деца од клубот посебно ги истакнуваат своите квалитети , Димитри Радев , Даниел Николиски , Јован Николски , Станислав Грпов и Ева Димитрова “ – додаде Велинов.

По зимскиот распуст, од денес започнуваат тренинзите и подготовките за државните првенства и интернационалните настапи.

Благојчо Костадинов М-Нет