
Кражбите во местото викано Чурлин во штип никако да престанат. Викендичките се крадат секојдневно, граѓаните алармантно бараат решение за нивните проблеми. Пред камерите на М-Нет телевизија и вчера тие истакнаа дека крадци повторно „оперирале“, разбивале и носеле вредни предмети од нивните викендички. Не е прв пат, и порано се соочувале со вакви проблеми, но сега како што велат граѓаните крадците зад себе оставаат пустош, вандализам и огромни материјални штети. Со цел да се надмине ваквата состојба граѓаните со барање до градоначалникот и полицијата бараат средба со првиот човек на град Штип, Иван Јорданов и началиникот на СВР Штип. Велат барањата се поднесени уште претходната недела одговор се уште нема.
„Во понеделникот имавме поднесено барање и до градоначалникот преку архив заверено и до началникот на СВР Штип или командирот на полициската станица Штип. До сега нема никаков одговор“ – кажа Димитар.
Зошто до сега одговор нема и дали ќе се одржат побараните средби го прашавме и Јорданов, прашаваме и во полициската станица. Првиот човек на Општина Штип, Јорданов истакна дека барање за средба има и во текот на денешниот ден или најдоцна утре ќе има и средба.
„ Проверив и да барање има, поднесено е на 25 јануари. Утредента јас имав средба со граѓани, ги баравме и граѓаните од м.в. Чурлин, но тогаш никој не одговри на повиците, затоа и средбата до сега не е оставарена. Меѓутоа, на наредната седница на Советот на Општина Штип која ќе се одржи за неколку дена ќе има предлог за формирање Совет за превенции, тело предводено од градоначалникот во кое ќе има претставници од повеќе значајни институцци, началникот или командирот на полицијата, претставници од шумската полиција и слично. Вака ќе се дејствува за решавање на повеќе проблеми во Штип, не само за кражбите. Што се однесува до средба ќе ја оствариме денеска или во текот на утрешниот ден“ – кажа Јорданов.
Од СВР Штип веќе потврдија дека средбата е закажана, граѓаните се известени. Утре во 14:30 часот началникот на СВР Штип ќе оставари средба со оштетените граѓани од м.в. Чурлин во Штип. Истовремено од полицијата додадоа дека се транспарентна, отворена и институција блиска до граѓаните, која се грижи за нивната безбедност и безбедноста на нивниот имот.
Лаура Стојанова М-Нет